Тестирање на возила
Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила, во делот на тестирање на возила спроведува тестови на одделни карактеристики на возилата согласно акредитирани постапки по одделни хармонизирани стандарди и прописи, како и испитувања на карактеристиките на возилата, нивните составни делови, системи и самостојни технички единици, согласно методологија дадена во одделни прописи, како и согласно методологија по барање од, или усогласена со нарачател.
Акредитирани постапки:
- Тестирање согласно ТСВ 104 на возила во однос на просторот за поставување на регистарските таблици и прицврстувањето на задните регистарски таблици
- Тестирање согласно ТСВ 118 на возила во однос на пропишаните таблици и ознаки и нивното поставување и начин на прицврстување
- Тестирање на масите и димензиите на определени категории моторни и приклучни возила согласно техничката спецификација ТСВ-148
- Тестирање на компатибилноста на уредот за управување и сопирачката кај возилата опремени со налетен (инерцијален) систем за кочење согласно правилникот на Обединетите Нации ECE R13.11 прилог 12 точка 10
- Тестирање согласно правилникот ЕСЕ R48.06, Rev.1, Add.47, Rev.12, 16.10.2014 на приклучни возила во однос на вградувањето на светлосни и светлосно сигнални уреди
- Тестирање согласно правилникот ЕСЕ R58.02, Rev.1, Add.57, Rev.2, 10.09.2008 на:
- Уреди за заштита од подлетување од назад на возила
- Возила во однос на вградувањето на уреди за заштита од подлетување од назад кои се од одобрен тип
- Возила во однос на нивните уреди за заштита од подлетување од назад
- Тестирање согласно правилникот ECE R73.01, Add.72, Rev.1, 01.09.2011 на:
- Возила во однос на нивните уреди за бочна заштита
- Уреди за бочна заштита на возила
- Возила во однос на вградувањето на уреди за бочна заштита кои се типски одобрени според делот II од правилникот ECE R73.01, Add.72, Rev.1, 01.09.2011
- Тестирање согласно правилникот ЕСЕ R111.00, Rev.2, Add.110, 07.03.2001 на возила цистерни од категориите N и O во однос на стабилноста од превртување со примена на пресметковна метода (Анекс 4)
- Тестирање согласно правилникот ЕСЕ R121.00, Rev.2, Add.120, Rev.1, 04.10.2011 на возила во однос на локацијата и идентификацијата на рачните команди, сигналните светла и идентификаторите
Посебна карактеристика на лабораторијата е кадровско – техничкиот капацитет да прави експертизи поврзани со сложени откази на возилата, заштита од преоптоварување, снимање на работните оптоварувања, определување на оптимални и гранични режими на експлоатација, изработка на проекти преправки и поправки и нивно испитување, вештачења и слично.
Лабораторијата има развиено сериозен капацитет и за современите методи на виртуелни тестирања.