Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје | Машински Факултет Скопје
Лабораторија за тестирање на механички
карактеристики, машини и возила

РЕГУЛАТИВА

Во својата работа лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила при Машинскиот факултет во Скопје самостојно, компетентно, независно и непристрасно ги реализира мерењата.

Испитувањата се вршат во согласност со современите достигнувања во методите и опремата за тестирање, стандардот за лаборатории ISO 17025 и начелата на добрата лабораториска пракса, според валидирани методи, домашни и меѓународни стандарди и важечката законска регулатива.

Во рамките на својата апликативна дејност, Машинскиот факултет - Скопје, ја акредитира според стандардот ISO 17025 Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила.


УПРАВУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ

  • Податоците и пресметките кои се вршат во тек на спроведување на испитувањата се запишуваат и проверуваат.
  • Софтвер за тестирање и обработка на податоците
  • За пресметки анализи и изработка на извештаи се користи комерцијален верификуван софтвер. Поедини мерни инструменти се управуваат со микропроцесори со софтвер за обработка на мерните резултати и изработка на извештај. Овој софтвер е комерцијален и е верификуван од страна на производителот.


МЕТОДИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ

Тестирање на механички карактеристики

Тестирањето на механичките карактеристики во Лабораторијата се врши според акредитираната метода согласно стандардот EN ISO 6892-1 2009 (тестирање на механички карактеристики на метали со истегнување), а исто така, на барање на корисник и според домашни и меѓународни стандарди и валидирани методи кои ги задоволуваат потребите на корисниците. Процената и прикажувањето на мерната неодреденост се врши според соодветните методи и работни упатства.

Тестирање на машини

Тестирањето на машините зафаќа широк спектар на експериментални и виртуелни тестирања во областа на перформансите, надежноста, јакоста, експертизи, вештачења, развојни тестирања и специјални тестирања по барања на корисник.

Тестирањата може да се одвиваат по одделни стандарди и прописи (тестирање на перформанси), како и по методологија која е утврдена за да даде одговор на поставени прашања (тестирање заради експертизи и вештачења). Во определени случаи, по барање на корисник тестирањата се спроведуваат по посебни методологии и програми за тестирање. Посебно место во методолгиите за тестирање на машините има директивата за машини 2006/42/EC, односно Правилникот за безбедност на машините.

Тестирање на возила

Тестирањето на возилата опфаќа широк дијапазон на екпериментални и виртуелни тестирања применувани во фазите на развој, одобрување, експлоатација, експертизи, вештачења и специјални – наменски испитувања.

Цел на тестирањата се утврдување на перформанси, јакосни и безбедносни карактеристики, карактеристики на надежноста, работните оптоварувања, форензички испитувања – вештачења и слично.

Во тестирањата се користат стандардизирани и посебно развиени и верификувани постапки.

Најчесто користени прописи се техничките спецификации на Република Македонија, односно соодветните директиви на Европската Унија, Правилниците на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации во Женева, како и хармонизирани (EN) и други (ISO) стандарди.

Image 1
Image 2
Image 3
Image 4
Image 5
Image 6
Image 7