Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје | Машински Факултет Скопје
Лабораторија за тестирање на механички
карактеристики, машини и возила

ИСТОРИЈАТ

Традицијата на спроведување на апликативни активности и во нивните рамки испитување – тестирање е стара колку и самиот Машински факултет. За целиот период на развојот на Факултетот постои интегрирана практична настава и вежби во областите од техниката кои ги покрива согласно наставните планови.

Посебно влијание на равојот на техниката на испитување – тестирање имаше индустрискиот развој на Република Македонија и тогашна Југославија.

Основањето на насоката Механизациони машини и возила во почетокот на седумдесетите години на XX-от век означи интензивен развој на капацитетите и активностите во тестирањето на мобилните и стационарните машини и возилата, кои покрај методологиите на тестирање на механичките карактеристики на материјалите, деловите, системите, уредите и опремата се главни компоненти на активноста на Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила.

Од тој почеток, во наредните декади се реализирани голем број проекти во соработка со значајни компании во поранешна Југославија:

  • ФАС 11 Октомври, Скопје
  • ФАП-ФАМОС Белград
  • ТАМ Марибор
  • Треска приколки, Скопје
  • Брако, Велес
  • МЗТ сопирачка опрема, Скопје
  • МЛАЗ Богданци
  • МИК Кавадарци
  • ФАКОМ, Скопје

По осамостојувањето на Република Македонија Факултетот направи низа напори во прилагодување на промените во стопанството и отпочна интензивна комуникација со многу европски и светски фирми, помеѓу кои и со: Daimler AG, MAN, VOLVO, Iveco, Johnson Controls и други. Факултетот активно соработува во проектите за привлекување странски инвестиции во што лабораториските капацитети имаат значајна улога.