Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје | Машински Факултет Скопје
Лабораторија за тестирање на механички
карактеристики, машини и возила

НАША МИСИЈА, ВИЗИЈА И ПОЛИТИКА

НАША ВИЗИЈА

Современи, меѓународно распознатливи лаборатории за тестирање.


НАША МИСИЈА

Тестирање во согласност со домашните и меѓународните стандарди и прописи според најновите достигнувања во методите и опремата за тестирање во согласност со потребите и барањата на корисниците на услугите.


НАША ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Да се исполнат во целост барањата на корисниците на услугите со почитување на законската регулатива, стандардите и добрата лабораториска практика.

Тестирањaта да се извршат со највисок можен квалитет, за секој корисник.

Да се применува, одржува и подобрува системот за управување согласно со ISO/IEC 17025.

Односот со корисниците на услугите и Институтот за акредитација на Република Македонија да се одржува со почитување и взаемна доверба.

Да се осигури доверливост на информациите добиени од корисниците и заштита на нивните сопственички права.

Нивото на квалитет во тестирањето и задоволувањето на потребите на корисниците постојано да се подобрува со развој и имлементација на нови методи и технологии , како и со постојана грижа за зголемување на нивото на доверливост на резултатите.


Назад