Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила, во делот на тестирање на машини спроведува тестови на одделни карактеристики на разни машини согласно одделни хармонизирани стандарди и прописи, како и испитувања на карактеристиките на машините, нивните делови, состави и системи согласно методологија дадена во одделни прописи, како и согласно методологија по барање од, или усогласена со нарачател.
Посебна карактеристика на лабораторијата е кадровско – техничкиот капацитет да прави експертизи поврзани со тешки и сложени хаварии на машини, заштита од преоптоварување, снимање на работните оптоварувања, определување на оптимални и гранични режими на експлоатација, изработка на проекти за реконструкции и слично.