Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила, во делот на тестирање на механичките карактеристики спроведува тестови на мeханичките карактеристики на материјали согласно хармонизирани стандарди и прописи, како и испитувања на механички карактеристики на материјали, делови, состави и системи согласно методологија дадена во одделни прописи, како и согласно методологија по барање од, или усогласена со нарачател.
Лабораторијата е акредитирана за тестирање на механичките карактеристики на метални лимови и жици согласно стандардот EN ISO 6892-1 2009 (Тестирање на механички карактеристики на метали со истегнување).
Лабораторијата располага со експертиза, опрема и кадри за спроведување на комплексни експериментални тестирања на карактеристиките на одделни материјали, делови и системи изложени на едноставни и сложени напрегања. За тоа користи универзални и специјални испитни инсталации, комплексни современи системи за електрични мерења на механички големини.
Лабораторијата располага со експертиза, опрема и кадри за спроведување на виртуелни тестирања на материјали, делови и системи под дејство на сложени оптоварувања.