Лабораторијата за тестирање на механички карактеристики, машини и возила при Машинскиот факултет во Скопје е акредитирана лабораторија во Р. Македонија со сертификат за акредитација бр. 045. Таа е дел од меѓународна мрежа на лаборатории во Европа и во светот. Лабораторијата врши испитување на механички карактеристики, машини и возила.